Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и пејзажи, пејзажна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.
Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник). Прочитајте повеќе
Прицкеровата награда за архитектура (англ. Pritzker Architecture Prize) е награда која се доделува секоја година од Фондацијата Хајат во признание за a „жив архитект чии изградени дела покажуваат спој од талент, визија и посветеност, чии дела даваат постојан и значаен придонес кон човештвото и изградената околина со својата архитектурата како уметност.“
Наградата ја вовел претприемачот Џеј Прицкер во 1979, а денес за неа е одговорно семејството Прицкер. Ова е водечката награда за архитектура во светот. Таа се доделува „без оглед на националност, расна припадност, вероисповед или идеологија.“ Прочитајте повеќе
Версајскиот дворец (фр. Château de Versailles) е кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 год. кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сé додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во 1789, Версајскиот двор бил центарот на моќта.
Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1678 год. архитектот Жил Ардуен Мансар ја превземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата Сала на огледалата. На 6 мај, 1682 Луј XIV конечно се преселил во дворецот. Прочитајте повеќе
Винченцо Скамоци (итал. Vincenzo Scamozzi), (2 септември, 1548 - 7 август, 1616) бил италијански архитект и архитектонски писател, главно активен во Виченца и Венеција во втората половина на XVI век. Тој е најважната фигура во регионот помеѓу Андреа Паладио и Балдасаре Лонгена, единствениот ученик на Скамоци.
Скамоци е роден во Виченца. Татко му, Џан Доменико Скамоци, бил геометар и градежен изведувач; тој бил воедно и неговиот прв учител, задојувајќи го со принципите на Себастијано Серлио. Во периодот од 1579-1580, Винченцо го посетил Рим, а потоа во 1581 се преселил во Венеција. Во 1600 ја посетил и Франција и таму оставил книга на скици со неговите впечатоци од француската архитектура, откриена дури во 1960 г. Прочитајте повеќе
уреди
Работи кои може да ги направиш
|

|
Еве неколку работи кои се потребни: :
|
уреди
Награди за архитектура
Седум светски чуда на новиот свет
|